Првиот круг од обновените санкции на САД кон Иран ќе стапи на сила во вторник.
Европската комисија објави дека и покрај санкциите на САД, европските компании ќе продолжат да работат во Иран, под заштита од Брисел.
„Укинувањето на санкциите поврзани со нуклеарното оружје е суштински дел од договорот – има за цел позитивно да влијае не само на трговските и економските односи со Иран, туку најважно и врз животите на иранскиот народ. Ние сме решени да ги заштитиме европските економски оператори ангажирани во легитимен бизнис со Иран, во согласност со правото на ЕУ и со резолуцијата 2231 на Советот за безбедност на ОН “, соопшти Европската комисија.
И токму поради оваа причина ЕУ го активира својот „статут за блокирање“, кој ќе стапи на сила на 7 август, односно утре, информираат од комисијата.