Мегленски : Барем да се направи теренот, а трибините нека се прават после, на некој начин сите си ја префрлаат топката

Атмосферата во тимот е како пред секој почеток, на највисоко можно ниво. Ние се припремаме скоро 43 дена и во овие 43 дена пробавме да донесиме засилувања, да ја освежиме екипата од ланската сезона. Истакна денеска на прес конференција шефот на стручниот штаб на ФК Победа, Тони Мегленски. Според Мегленски овој ќе бил последен преоден рок во кој што ќе ангажирале 10-тина играчи, затоа што сите овие нови играчи имале подолги договори.

 

 

„Од минатото искуство кога јас сум бил фудбалер, било многу потешко кога ќе се ангажираат толку играчи во смисла да се уигра екипата, но познавајќи ги играчите кои ги донесовме мислам дека ќе бидеме подобри од ланската сезона. За очекувањата кога станува збор за клуб како Победа, очекувањата се секогаш европски, не треба никогаш да размислуваме за подруги очекувања, затоа што Победа во историјата секогаш се натпреварувала да биде шампион, да освојува титули. Јас мислам дека ако бидеме реални, мора прво Победа како клуб да расти од година во година, во смисла да станеме прво стабилен прволигаш, да немаме проблеми. За опстанок повеќе не сакам да разговарам, да немаме проблеми во сезоната и ако ни излези шанса да се приклучиме кон Европа. Сакам исто така и јас да се заблагодарам за вашето присуство, поготово за навивачите, каде што очекувам да бидат наш ветер во грб на секој натпревар. Искрено да кажам многу ми е жал што на ваква поставеност и организираност сега на сите нивоа во клубот, каде што се работи исклучиво во интерес на клубот и во ни еден друг, ничиј интерес, искрено ми е жал што нема да играме во Прилеп. Се надевам, има некои оптимистички најави, дека втората полусезона ќе ја играме тука, не знам тоа колку е реално, но ние се надеваме дека така ќе биде. Зедовме последно уште еден играч, кој што се надевам дека ќе биде засилување во нападот и очекуваме уште двајца или тројца играчи во наредниот период од  7-10 дена“, рече Мегленски.

 

Мегленски нагласи дека тие барале играчи во сите линии, но Македонија била мал пазар и уште помал пазар со квалитетни играчи. Тие што биле слободни успеале да ги донесат и се надеваат дека на некој начин ќе бидат освежување во екипата.

 

„Порано сме имале примери во Победа, играчи што порано дошле во Победа, што биле екстра засилувања, но тука се изгубиле. Затоа ние сакаме да направиме еден костур на екипата од 7 до 10 играчи, па потоа на секој нареден рок да донесиме уште поголем квалитет. Се надевам дека ќе успееме во тоа, за тоа ни треба резултат, за се сум јас одговорен, но ќе видиме, ќе покаже времето. Јас ако се прашувам, во мое лично име, не во име на клубот, јас мислам дека прво треба да се направи костур, кој што ќе напредува 6 месеци, па потоа да се надевам не некој исчекор. Јас искрено би сакал уште оваа сезона шампиони да бидеме, но мора да бидеме реални. Јас не се откажувам од такви амбиции, секогаш кај и да играв како играч и сега како тренер секогаш имам највисока цел, но мора да бидеме реални. Ние немаме буџет како 30% од екипите во Македонија и мора да бидеме реални и да бидеме максимално мотивирани на секој натпревар, да го даваме максумумот, пак ќе видиме до каде сме стасани. Но дека сме на добар пат е евидентно“, додаде Мегленски.

 

Мегленски истакна дека најголем проблем засега е стадионот. Прилеп е град со околу 100.000 жители, а за 6 години не се успеало да се направи еден терен, а не пак стадион. Победа како клуб за тоа не била виновна, се надева дека во втората полусезона би играле дома.

 

„Во фудбалот според мене нема повеќе фаворити, гледате што се случува и во ланското првенство, каде што Шкендија и Вардар беа фаворити, па ние ги победивме и се спасивме. Како домаќини би требало да бидеме фаворити, но тоа не значи дека сме. На секој натпревар одиме да победиме, со кој и да играме, каде и да играме. Ланската полусезона, кога почнавме да поврзевме 3-4 победи можевме да се замешаме за Европа. Но изгубивме 3-4 и веднаш слеговме за отпаѓање. Значи таков е форматот, не можеме ништо тука како клуб. Но тоа е, мора да се игра. Имаше иницијатива да се продолжи лигата на 12-15 клуба, но тоа не е во наш домен. Но сигурно дека е потешко за играње и понапорно, повеќе утакмици. Јас мислам дека оваа година, екипите се скоро изедначени на некој начин, 5-10% разлика во квалитет и затоа мислам дека секој натпревар би го одлучил психолошки момент, грешка, голем фактор е и судијата, мотивација. Многу е важен почетокот, но многу утакмици се во игра, не е само почетокот важен. За некоја психологија е многу битен стартот, но има многу натпревари“, истакна Мегленски.

 

Според Мегленски костурот на тимот морало да бидат Македонци, странци можело да има само четворица, така што се што било слободно и што можело управата да исконтактира, направиле во интерес на клубот да се освежи и да се зајакне.

 

„Други слободни играчи јас не гледам. Немаме буџет како екипи како Шкендија, Вардар, Шкупи да се наддаваме. На пример имавме еден играч кој што го посакувавме и ние и Шкупи, го зедоа Шкупи. Во фудбалот некогаш парите се во голем дел пресудни.  Сите имаат право на настап од прво коло, само се чека сертификатот, тоа е техничка работа, ќе се среди за новиот играч. Повредени се само Жоглев, и вчера на тренинг Мустафов имаше незгоден пад на рамото, мислам дека се ќе биде во најдобар ред, денес е на испитување. Гешоски нема право на настап на 4 натпревари, односно нема првите 4 кола нема да игра. Јас како тренер и управата, во сите разговори, сакаме да направиме еден стабилен прволигаш, кај што нема да има проблеми како ланските, предланските. Значи тој е патот, нема друг пат. Ние да имавме буџет како одредени клубови во Македонија и ако стадионот би бил во најдобар ред и би играле во Прилеп, сосем друга е работата. Јас се обидувам секогаш реално да зборувам, не сакам и сам себеси да си давам лажна надеж и некој да го мотивирам на подруг начин. Нереален оптимизам не сакам. Нашата управа е во секојдневна комуникација со ФФМ и општината, тука има некоја поделена надлежност, затоа што теренот требало да го направи ФФМ, трибините да ги направи општината, сега не знам до каде е. Има најава дека нареднава недела требало да почнат да носат песок. Почнале да носат, но се преместиле во Академија Пандев, не знам и не сакам да навлегувам во тие работи. Ние како клуб немаме никаква надлежност ни на теренот, ни на стадионот. Не е во сопственост на клубот. На некој начин сите си ја префрлаат топката. Трибините нека си се прават после,  бараме теренот да се направи за да играме тука. Тоа е“, рече Мегленски.

 

Победа како клуб нема извадено млад талент затоа што 8 години немаше организирана фудбалска школа. Сега децата се собиирале од дома.

 

„После 8 години ние во втора лига кога игравме, имавме услов минимум 2 да организираме. Ние ги собиравме децата од дома. Сега имаме 9 генерации. Ние зедовме на некој начин и клуб од втора лига, каде што тие ќе играат на Могила и туак ќе ни биде како отскочна даска. Имаме 4-5 стварно добри играчи под наш договор, кои што ќе играат во тој клуб. Е тоа е начин, за 4-5 години да имаме костур со играчи од Прилеп. Е сега тука се и карактерите на децата, дали тие сакаат да бидат фудбалери, во нивните глави да се вметни дека ние вложуваме во нив за тие да играат во Победа. Инаку во младинските категории имаме врвни резултати. Сега екстра квалитет, не може да извади никој, освен ако тој не се роди, а ние да го насочиме во фудбалот. Го имаме Лука Трајкоски, Дарко Илиески, Паноски, на некој начин чукаат на вратата на Победа, но им треба континуитет и утакмици.  Тие сите се од нашата школа и морам да напоменам дека несебично ни помагаат и ден денес. Не смеам да го заборавам ни Илчо. Дирекно се вклучени во клубот и на секој начин помагаат“, рече Мегленски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи