Реал Мадрид го претстави Куртоа

Facebook
Twitter
Email
Print

Шпанскиот гигант Реал Мадрид официјално го претстави новото засилување Тибо Куртоа. Белгискиот голман, поранешен фудбалер на Атлетико Мадрид, се приклучува на „лос бланкос“ од Челзи за 35 милиони евра.

 

Претходно денеска 26-годишниот Куртоа ги помина успешно медицинските прегледи и потпиша официјално договорот со својот нов тим во присуство на претседателот Флорентино Перез.

 

Куртоа истакна дека е задоволен од потпишаниот шест годишен договор.

 

„Чест е, но и одговорност да се дојде во најдобриот клуб во светот. Не можам со зборови да искажам колку сум среќен и колку напори вложив за да дојдам во Реал Мадрид. Како дете сонував за Реал. Денес својот сон го исполнив. Го иднина ќе бидам еден од вас“, изјавил Куртоа.

 

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез одржа говор во кој го поздрави Куртоа како „одличен играч со огромен талент“ и ги истакна силните настапи на Белгиецот на одржаното ова лето светско првенство во Русија, каде „црвените ѓаволи“ освоија го бронзениот медал.

 

„Во Мадрид доаѓа еден од најдобрите голмани во светот, ако не и најдобриот. Тој веќе има големо искуство и ова е многу среќен ден за секој кој го сака Реал“, рече претседателот Флорентино Перез.

 

Куртоа беше придружуван од неговото семејство, потоа излезе во дрес и на теренот каде што беше пречекан од неколку илјади навивачи на Реал, кои дојдоа да го поздрават. Засега се уште не е јасно со кој број на грбот ќе игра.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи