Мајк Пенс истакна дека е неопходно Америка да се обезбеди доминација во вселената, поради зголемената конкуренција и зголемените закани од Кина и Русија.
„Време е да се испиши ново поглавје во историјата на нашите вооружени сили, за подготовка на следното бојно поле каде што ќе бидат повикани најдобрите и најхрабрите Американци за да го спречат и победат новиот бран закани за нашиот народ и нашата нација. Дојде часот да основаме американски вселенски сили“, рече Пенс пред војниците во Пентагон.
Тој рече дека во тек се подготовките за овие вселенски сили да станат шести род на вооружените сили, покрај копнената војска, американската воздухопловна флота, американската морнарица, маринците и крајбрежната стража.
Неодамна претседателот Доналд Трамп најави формирање вселенски сили , но одвоени и еднакви.За ваквиот план на Трамп ќе треба да се изјасни американскиот Конгрес .