ВИДЕО – Со тешки здравствени проблеми и социјална помош од 4.000 ден. живеат татко и син во прилепско Обршани

Со тешки здравствени проблеми, буквално не се способни да работат ништо и социјална помош од само околу 4.000 денари. Ова е тажната животна судбина на таткото и синот Ладе и Трајче Ефтинџиоски, од прилепското село Обршани. 26 годишниот Трајче веќе 12 години, 3 пати неделно, оди на дијализа, не му функционираат бубрезите, а додека неговиот татко се правел тешка операција на срцето. Се жалат на игнорантскиот однос на државата и општината.

 

 

„Ми ветуваа се и сешто, а на крајот испадна ништо. Од општина си доаѓам со плачење. Жалосно е што за ваков човек државата и општината да не водат евиденција“, вели Трајче Ефтинџиоски, жител на с. Обршани.

 

Иако се обратиле до повеќе државни институции и Општина Кривогашни никој не сакал да им помогне.

 

„Немаме што да правиме двајцата, ние сме сиромаси отепани. Јас неможам да отидам да си купам апчиња, немам пари и незнам што ќе биде со ваква држава, ниикој не ни помага“, рече Ладе Ефтинџиоски, жител на с. Обршани.

 

Трајче се жали дека и не ги добива сите потребни лекарства додека е на дијализа во општата болница во Прилеп. Затоа здравствената состојба секој ден му била се полоша.

 

„Кога ќе си дојдам од дијализа од терапија се чувствувам многу лошо. Само лежам, не ми даваат железо, а исто така не ми го даваат тој хормонот 4.000 што ми е потребен“, истакна Трајче Ефтинџиоски.

 

Ефтинџиоски се жалат дека социјална помош во Општина Кривогаштани добивале и оние кои имале потреба од неа, а нив државата ги оставила со 4.000 денари.

 

„Како може луѓето да земаат повеќе пари од мене, а здрави се, имаат куќи, механизација, трактори и добиваат социјална помош. Комисијата од Прилеп воопшто не доаѓа да види како и каде се дели таа помош“, додаде Трајче Ефтинџиоски.

 

„Сега барам помош од државата и од општината да ни помогне финансиски, со храна, па некако да преживееме. Бидејќи незнам како понатаму, еве овде и кровот и урнат и капи вода дома“, вели Ладе Ефтинџиоски.

 

Ефтинџиоски се надеваат дека нивниот апел ќе го слушнат надлежните затоа што без поголема и трајна државна помош тие не знаат до кога и како ќе можат да го продолжат својот живот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien