Повеќе од два милиони муслимански верници се собраа на аџилак на планината Арафат

Facebook
Twitter
Email
Print

На планината Арафат, во близина на Мека, во Саудиска Арабија, каде што според муслиманската религија пророкот Мухамед го одржал последното проповедање пред 14 век, денеска на аџилак се собраа повеќе од два милиони муслимански верници.

 

За аџиите Каба, коцкестата градба во средината на џамијата во Мека, е најсветиот дел храмот. Верниците кружат околу Каба за да го извршат обредот познат како Таваф и ќе останат таму се до мракот, молејќи се и рецитирајќи делови од Куранот,  а  потоа ќе се упатат кон рамницата Муздалифах, каде што ќе собираат камења за симболичкото каменување на сатаната во долината Мина. Потоа ќе го почнат искачувањето на гората Арафат, источно од Мека, што е кулминацијата на хаџот.

 

Хаџ, еден од петте столбови на исламот, е задолжителен за сите верници од муслиманска вероисповед барем еднаш во животот да го направат, доколку се финансиски спремни и имаат добро здравје.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи