ВИДЕО – Активни подготовки за DOWNHILL CUP TOPTASH 2018 кај Прилеп

На 1 и 2 септември кај месноста Топташ во Прилеп, во организација на клубот за екстремни спортови „Sky Riders Prilep“ и Велосипедскиот клуб „Илинден“ ќе се одржи Државното првентво на Македонија во „Downhil“ – CEVITANA DOWNHILL CUP TOPTASH 2018.

 

ВИДЕО ОД ГОДИНЕШНИТЕ ПОДГОТОВКИ НА СТАЗАТА И ТРЕНИНЗИТЕ

 

 

 

Според организаторите на натпреварот се очекува да присуствуваат 50-тина натпреварувачи од Македонија и странство. Овој настан се организира по 3-ти пат, а патеката е со должина од 1.800 метри.

 

„Патеката секоја година е се подобра и со потешки елементи, веруваме дека сме на добар пат да го заживееме и овој нов спорт давајќи му уште едно обележје на Прилеп како град на екстремните спортови покрај параглајдингот, мотокросот, болдерингот, алпинизмот, планинскиот маратон и слично. Со подршка од локалната самоуправа Прилеп и „Витаминка“ ќе бидат доделени парични награди за најдобрите три времиња на натпреварот: прво место 15.000 денари, второ место 10.000 денари и трето место 5.000 денари“, вели Златко Спиркоски, организатор на настанот од клубот „Sky Riders Prilep“.

 

Инаку почетоците на овој спорт кај нас потекнуваат уште пред 10-тина години, со кратки делници, а посериозен пристап се прави во 2016 година кога за прв пат се направи оваа патека на Топташ во должина од 1.400 метри, која сега е долга 1.800 метри. Во моментов активно со овој спорт се занимаваат 15-тина млади од Прилеп.

 

РАСПОРЕД :

ПЕТОК 31.08.2018

09:00 – 12:00 Преглед на стазата без велосипеди
12:00 – 18:00 Неофицијален тренинг без обезбеден превоз, медицинска екипа, и судии.

САБОТА 01.09.2018

08:00 – 10:00 Пријавување и превземање на стартните броеви
10:00 – 16:00 Тренинг со обезбеден превоз, медицинска екипа и судии.

НЕДЕЛА 02.09.2018

08:00 – 10:00 Официјален тренинг со обезбеден превоз, медицинска екипа и судии.
11:00 – 13:00 Квалификации со обезбеден превоз, медицинска екипа и судии.
14:00 Финален спуст

Организаторот го задржува правото за измена на распоредот и времето со цел побрзо и поквалитетно одвивање на натпреварот. 

 

ГАЛЕРИЈА ОД ПРЕТХОДНИТЕ ГОДИНИ НА DOWNHILL CUP TOPTASH

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien