Над 60.000 луѓе се евакуирани од своите домови во централниот дел на Мјанмар, откако поради пукање на брана водата го поплавила градот Свар и околните села. Во прекин е и главната сообраќајница, објавија официјални претставници.
Најмалку 85 села се поплавени, а надојдената вода го поплавила и главниот автопат поради што во прекин е сообраќајот помеѓу градовите Јангон, Мандалеј и Нејпјидо.
Голем број луѓе, вклучувајќи и оние за кои нема закана од поплавите, одлучиле да ги напуштат своите домови поради стрaв од зголемување на нивото на водата.
Пожарникарите, армијата и официјалните претставници почнаа операции за спасување кога попушти браната „Суар“ во централниот дел на земјата, каде што водата се користи за наводнување.
Зав Тун, заменикот директор во Одделението за наводнување и користење на водата изјавил за локалните медиуми дека нивото на водата во поплавените делови почнало полека на да намалува.