ФФМ ги одреди цените за мечот со Ерменија: 100 денари за јужна и 150 за северна трибина

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонската фудбалска репрезентација го стартува настапот во новото натпреварување на УЕФА, Лигата на Нации, а првиот меч на домашен терен ќе го игра против Ерменија на 9.септември во терминот од 18.00 часот.

 

Цената на влезниците ќе изнесува 100 денари за јужна трибина и 150 денари за северната трибина од Националната арена, а македонските фудбалски фанови од понеделник, 3. септември, ќе можат да купат билет за натпреварот Македонија – Ерменија преку продажната мрежа на MKTickets. Посебен пулт за продажба на билети ќе биде поставен во „Скопје Сити Мол“, во периодот од 3. септември до 9. септември, а влезници ќе можат да се купат и на благајната на Националната арена „Филип Втори“, на денот на натпреварот од 12 часот до почетокот на натпреварот.

Дебито во новоформираниот формат на квалифкации за Европско првенство нашата селекција ќе го направи три дена претходно, кога ќе и гостува на репрезентацијата на Гибралтар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи