ВИДЕО – СДСМ: Со зачленувањето на Македонија во ЕУ младите ќе имаат неограничени можности за образование

Со зачленувањето на Македонија во ЕУ младите ќе имаат неограничени можности за патување и стекнување на квалитетно образование и пракса низ Европа. Образовните дипломи ќе бидат признаени насекаде низ Европа, а младите ќе можат полесно да најдат работа по струка овде во Прилеп и секаде низ Македонија, истакнаа денес на прес конференција од ОК СДСМ Прилеп.

 

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

Доста беше неизвесност и изолација. Младите од Прилеп и од цела Македонија заслужуваат европска иднина. Заслужуваме еднакви можности за образование, работа и личен развој, како што имаат нашите врсници ширум Европа.

 

За остварување на ова неопходно е да станеме полноправна членка на ЕУ. Со зачленувањето на Македонија во ЕУ младите ќе имаат неограничени можности за патување и стекнување на квалитетно образование и пракса низ Европа. Образовните дипломи ќе бидат признаени насекаде низ Европа. Младите ќе можат полесно да најдат работа по струка овде во Прилеп и секаде низ Македонија.

 

Нашите млади ќе имаат еднаква шанса за учество на европскиот пазар на труд, исто како и нивните врсници од Европа. Со зголемувањето на младинската конкурентост на пазарот на труд во Македонија ќе се намали младинската невработеност, младинската миграција и одливот на мозоци во странство. Ќе го зголемиме квалитетот на пазарот на трудот во Македонија, што дирекно ќе води кон нови инвестиции, нови работни места и повисоки плати.

 

За споредба, во Хрватска вработеноста кај младите се зголемила од 26.4% во 2013 на 43.1% во 2017 година. Со интеграцијата во ЕУ нашите млади добиваат бесплатни студии, размени и обуки. Само преку програмата Еразмус плус се вложуваат над 14 милијарди евра во стручно и занаетско образование, како и дообразовање на младите во било кој дел од Европа. Дополнително еден од клучните проекти на ЕУ за младите е младинската гаранција, дел од европскиот столб за социјални права.

 

Преку младинската гаранција младите до 25 години, кои не се во образовен, ниту во работен однос, имаат можност да станат конкурентни на пазарот на трудот преку дообразование и практиканство или обуки. Досега ЕУ има инвестирано 8.8 милијарди евра во младинската гаранција. Од 2014 година наваму, секоја година 3.5 милиони млади во Европа се корисници на младинската гаранција. Половина од нив не се во работен однос, или во образовен процес, 12 месеци по стекнувањето корисник на младинска гаранција.

 

Заради сите овие придобивки, заради историската шанса која што е пред нас, сега е време сите заедно и обединети да излеземе за нашата иднина. Затоа, на 30 септември излегуваме за европска иднина на младите тука во Македонија.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи