Министерството за одбрана на Русија го гради третиот најголем православен храм на светот

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за одбрана на Русија започна со собирање на донациите за изградба на главниот храм на Вооружените сили во подмосковскиот парк за култура и одмор „Патриот“, потврди министерот Сергеј Шојгу.

 

„Идејата е одобрена од народот, државните органи, воената администрација и црквата“, изјави рускиот министер за одбрана.

 

Анимацијата поставена на официјалната веб страна на храмот го прикажува изгледот на верскиот објект кој го красат шест златни куполи посветени на светиот покровител на секоја служба. Црквата и целиот комплекс ќе се простираат на над 2 илјади квадрати, а во рамките на комплексот ќе бидат поставени и споменици поврзани со руската армија.

 

„Храмот ќе ја симболизира духовноста на руската армија во одбраната на нашата земја“, објаснуваат на официјалната интернет страница.

 

 

 

Покрај тоа, во храмот ќе има и музеј кој ќе биде опремен со технологија за виртуелна реалност која што посетителите ќе ги вметне во 3Д реконструкција во некои од најславните битки на руската армија низ историјата.

 

Министерот Сергеј Шојгу ги повика старешините да се активираат во кампањата за собирање на средства за новиот воен храм и нагласи: „Секако, сето тоа би требало да биде од доброволен карактер“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи