Франција од следната година ќе го ограничи бројот на планинари кои во текот на еден ден можат да се искачат на највисокиот врв, Мон Блан, изјави локален функционер оваа недела.
Бројот од 214 планинари колку што ќе имаат право да се обидат да го искачат Мон Блан е една од неколкуте мерки преземени за да се намали преголемата навалица.
Полицијата веќе ги презеде првите мерки ова лето и почна да бара од планинарите да имаат резервација во некој од планинарските домови на патот, пред да им дозволат да се искачат.
Новата одлука дојде по серија состаноци минатиот викенд меѓу локалните власти, француските планински полициски единица, француското планинарско друштво и здружението на водичи.