„Бритиш ервејс“ погодена од голем хакерски напад, украдени податоци на 380 000 клиенти

Facebook
Twitter
Email
Print

„Бритиш ервејст“ објави дека хакери направиле упад во нивните податоци и украле информации за кредитни картички на околу 380.000 клиенти. Авиокомпанијата денеска соопшти дека при нападот, кој траел речиси две недели, не биле компромитирани информации за патувања или пасоши.

 

Упадот од страна на непознати хакери се случил меѓу 21 август и 5 септември, наведува авиокомпанијата, советувајќи ги клиентите кои сметаат дека би можеле да бидат засегнати, да ги контактираат нивните даватели на кредитните картички и да ги следат нивните инструкции.

 

„Нападот на страницата е решен и нашата веб-страница работи нормално. Ја известивме полицијата и властите”, се вели во соопштението на компанијата, додавајќи дека се контактирани корисниците чии податоци биле пробиени.

 

Извршниот директор на „Бритиш ервејс“ се извини поради излевањето на податоците, наведувајќи дека тоа е најлошото нарушување на безбедноста на компанијата во последните 20 години.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи