Црвена звезда добро помина, УЕФА забрани клубот да носи навивачи на следните две гостувања, но натпреварите на домашен терен ќе ги играат пред публика.
Маракана ќе биде полна за натпреварите против Наполи, Ливерпул и ПСЖ. А Црвена звезда нема да има гостински навивачи во Париз и Ливерпул. Казната е за втрчување во теренот на навивачи на Црвена звезда за време на мечот против Салцбург во Австрија. Белградскиот тим ќе плати и глоба од 30.000 евра.
УЕФА го земала во предвид фактот што навивачите кои втрчале на теренот не се тие кои организирано отпатувале од Белград и се наоѓале на трибината предвидена за гостите. Туку тоа биле луѓе кои купувале билети од слободна продажба и седеле на трибините наменети за сите навивачи. Дел од казната е и за палење бакли и уништување на инвентар на стадионот.