Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид, кон крајот на годинава ја почнува реконструкцијата на својот стадион „Сантијаго Бернабе“. Новиот стадион на кралскиот клуб ќе изгледа импресивно. Ќе има подвижен покрив, трибините ќе бидат реновирани, а се планира да биде готов за три до четири години.