Според извештајот на радиото Европа 1, претходно било пријавено дека возило се движи со прекумерна брзина на автопатот што води кон аеродромот во тој француски град, пренесе Спутник.
Кога полицијата тргнала по пријавата за автомобилот, возачот ја пробил безбедносната барикада поставена околу пистата на аеродромот и влетал на една од пистите. Тогаш тргнала потерата по него, прво со амбулантно возило, а потоа пристигнала и полицијата и специјалните сили.
Возачот истрчал од автомобилот и почнал да бега, но на крај сепак бил совладан.
Локалните медиуми го идентификувале возилото како сив Мерцедес со странска регистрација.
Возачот кој наводно е одговорен за многу штета, е уапсен.
Не е објавено дека во инцидентот има повредени.
106