Америка се подготвува за моќниот „Флоренс“

Facebook
Twitter
Email
Print

Милиони Американци се подготвуваат за ударот на еден од најкатастрофалните урагани во последниве неколку децении. Се проценува дека силата на моќниот „Флоренс“, во моментот кога ќе дојде до источните делови на САД ќе ја достигне високата петта категорија и ќе има потенцијал да зафати неколку сојузни држави.

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека приоритет на властите е безбедноста на населението, додавајќи дека федералната влада е подготвена за реакција.

 

Додека силниот Флоренс се приближува на Источниот брег на САД, во делови на три американски држави наложена е евакуација на жителите. Милиони Американци се подготвуваат за најкатастрофалниот ураган во тој регион во изминатите децении.

 

Директорот на Националниот центар за урагани Кен Грејем предупредува дека размерот на ураганот Флоренс е застрашувачки.

 

На обилни дождови, поплави и снемување на струја се подготвува и Вашингтон, чиј градоначалник Мјурек Баузер прогласи вонредна состојба, наведувајќи дека тоа е нужен чекор за да се обезбедат ресурси и поддршка со оглед на повеќедневните врнежи кои се очекуваат.

 

Ураганот е од четвртата категорија, што надлежните велат дека се очекува да се засили и да достигне на пет што значи дека има потенцијал да предизвика катастрофални последици.

 

Невремето моментално се наоѓа околу 640 километри јужно од Бермуд и ќе се движи со брзина од околу 210 километри на час.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи