Францускиот голман во лондонски Тотнем, Уго Лорис, кој со Франција летово ја освои светската титула на СП во Русија мина со жестока казна од англиската полиција поради тоа што неодамна беше фатен како вози во пијана состојба.
Лорис завршил во притвор, а потоа бил условно пуштен откако при рутинска проверка, лондонската полиција го фатила дека е пијан во раните утрински часови, откако возел со двојно поголема брзина од максимално дозволената. Случајот заврши на суд, а оттаму немаа милост за големата фудбалска ѕвезда и му ја одзедоа возачката дозвола во следните 20 месеци, а патем Французинот ќе мора да плати и 50.000 фунти.
Повеќе од извесно е дека финансиската казна лесно ќе ја плати голманот на лондонскиот клуб, ама проблем е што во следните неполни две години ќе мора да се снаоѓа за транспорт, особено за секојдневното одење на тренинг во кампот на Тотнем.