Во саботата на 08.09.2018 во Дебар се одржа професионален боксерски спектакл, со преполна сала и организација на највисоко ниво. 35-годишниот боксер од Германија со албанско потекло Ѓетан Кета е нов светски шампион во средна категорија во ВБУ верзијата, откако во спортската сала во Дебар го доби мечот против Слаѓан Јањанин од Босна и Херцеговина со технички нокаут во петтата рунда.
Нашиот најдобар боксер во суперлесна категорија Денис Муаремовски триумфираше со технички нокаут во првата рунда над српскиот боксер Михајло Рајиќ. Со оваа победа се покачи и рангот на нашиот боксер. Се планираат уште неколку борби во 4 рунди па потоа треба да се влезе во потешките борби од 6 рунди, а со време и борба за титула.
Делегати на овој настан беа Дарко Чатлески и Тостен Книл од Германија претседател на Светката Боксерска Унија , бодовен судија на главната борба Ѓорѓи Чатлески.
„Во саботата на 08.09.2018 се одржа петтото коло во бокс од боксерската лига на Македонија кое се одржа во Штип. Боксерскиот клуб АС од Прилеп учествуваше со шест боксери од кои: пионер Димитар Ангелеск , кадетите Дамјан Талимче , Бојан Станојоски и Трајче Илиоски, јуниорот Менан Амедоски и сениорот Серхан Џафероски. На ова коло противник немаше само Бојан Станојоски. Другите боксери издвојуваја победи освен сениорот Серхан Џафероски. Нај атрактивна беше борбата на Трајче Илиоски која заврши со прекин во првата рунда во корист на нашиот боксер. Со овој резултат ги зголемивме бодовите, а останавме на второто место после БК Баргала Штип. Имаме уште три кола до крајот на лигата и се надеваме на првото место, ако се случи тоа ќе биде за прв пат во историјата на боксот Прилеп да биде прв во младинската лига“, вели тренерот Чатлески.