Одличната деби сезона во Примера за Енис Барди донесе голем напредок кога се работи за неговата пазарна цена. Македонскиот репрезентативец имаше вредност од 6,8 милиони евра на стартот од минатата сезона, а сега се проценува на двојна вредност од 13,9 милиони.
Барди беше еден од најдобрите поединци во шпанската екипа минатата сезона, постигнувајќи девет гола и една асистенција на 26 одиграни натпревари.
Својата одлична форма ја пренесе во националниот дрес на Македонија, играјќи од првата минута во двете победи од Лигата на нации, против Ерменија и Гибралтар.