По петти пат во Прилеп се одржа рекреативната тура во планински велосипедизам насловена како „Тура преку Слива“. Името го носи по планинскиот премин кој дели прилепскиот дел и Мариово. Турата годинава е долга 58 км. и има 1.000 метри висинско искачување. Целта е промоција на прилепскиот регион.
„Планинскиот велосипедизам во последнииве години зеде голем замав доаѓаат посетители од цела Македонија, исто така и од Европа. Имаме што да му понудиме, имаме прекрасни планини, го имаме тука нашето Мариово. Доста е развиен планинскиот велосипедизам во Македонија општо“, вели Душко Димкоски, организатор на настанот.
„Ја посетуваме Кралската гробница во селото Бонче. Која што и тоа како е еден споменик на културата кој што ретко кој го има видено од Македонија“, рече Здравко Ристески, организатор на настанот.
Планинскиот велосипедизам станува еден по атрактивните спортови во Македонија. Алтернативниот туризам веќе е препознатливи белег за повеќето општини кои организираат ваквии аутдор фестивали, а кои пак се посетени и гости од странство.
„Овие настани се во насока на развој на планинскиот туризам и воопшто на туризмот во градовите, особено во руралните средиини каде што е слаба нашата држава“, вели Зоран Јаневски, учесник од Велес.
„Секоја Општина има некое вакво здружение и отприлика покриеноста на аутдор настаните е комплетна преку целата година во целата држава. Од година во година масовноста е се поголем“, истакна Милан Колев, учесник од Кавадарци.
Турата заврши со посета на повеќе знаменитости и села во прилепскиот регион. Организаторите очекуваат во иднина уште поголема масовност и туристи од странство.