Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла сите невистини изречени на денешната прес конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, околу завчерашното злосторство во прилепско, не само од аспект на злонамерните и неточни информации по однос на самиот настан, туку и поради обидот со измислици и маниупулации да се внесе страв меѓу граѓаните. Се вели во соопштението на МВР, кое доаѓа како демант на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која тие побраа оставка од министерот Оливер Спасовски.
Соопштението го пренесуваме во целост.
„Како и многу пати претходно, уште еднаш повторуваме дека времето партиско-штабски критериуми, како и вулгарното злоупотребување на институцијата завршија. Сега МВР работи професионално, а резултат на професионалната работа се расчистените убиства како ова во прилепско, така и она во Велгошти, Дебар и други случаи. Злосторниците сега одговараат за своите злодела.
Како што и е познато на јавноста, настанот во прилепско веднаш беше расчистен, сторителот, односно осомниченото лице беше откриено и приведено неколку часа по свирепото злосторство, и со кривична пријава предадено на надлежното ОЈО. На јавноста и беа презентирани сите релеватни, но и со закон дозволени информации, согласно Законот за кривична постапка и согласно надлежноста на Обвинителството по однос на кривично-правниот настан.
На крајот уште еднаш апелираме до сите политички субјекти да престанат со ширењето лаги во интерес на стекнување на политички поени“, велат од МВР.