Џудо Клубот СЕИШИН –Прилеп во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт е вклучен во проектот Европска Недела на спортот на ниво на РМ, кога низ целата држава се вршат презентации на различни спортови.
„Така нашиот клуб согласно програмата утврдена во Агенцијата е задолжен да изврши презентација на џудо спортот на плоштадот во Прилеп пред споменикот на Крали Марко на 26.09.2018, среда од 12.00 до 14.00 часот. Овој настан всушност се поврзува и со прославата на клубот по повод 15 години од формирањето и успешна работа. Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да ја проследат оваа презентација“, информираат од Џудо Клуб СЕИШИН-Прилеп.