ВИДЕО – Членовите на ЏК СЕИШИН ги презентираа своите вештини на плоштадот во Прилеп

Џудо Клубот СЕИШИН од Прилеп во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт како дел од проектот Европска Недела на спортот на ниво на Македонија, под мотото „Биди активен“ денеска на градскиот плоштад во Прилеп го презентираше џудото. Во СЕИШИН членуваат над 80 љубители на овој спорт под 18 години, и 20-тина членови над 18 години. Во состав на клубот има и група од 15-тина ветерани. Годинава Џудо Клубот СЕИШИН одбележува и 15 години од своето постоење. Членовите на овој клуб пред прилепчани го претставија своите боречки вештини.

 

 

„Во Европската недела на спортот биди активен нашиот клуб зададе активно учество, со мала презентација ии се надевам дека следната недела кога ќе имаме и турнир исто така во целост ќе ги претставиме успесите на нашиот клуб. Џудото е помеѓу популарните спортови во нашиот град, имаме 5 клубови во Прилеп. Нашиот клуб е основан пред 15 години, од страна на Кире Мошески, кој е се уште активен во нашиот клуб и е В.Д. Претседател на клубот. 10 години исто така одбележуваме од постоењето на турнирот, во бројка не можам да кажам точно колку медали имаме бидејќи нивниот број е огромен“, истакна Дејан Ширкоски, претседател на ЏК СЕИШИН Прилеп.

 

Според претседателот на клубот Ширкоски оваа година џудотот требало да биде избран за спорт од страна на УНЕСКО за развој на децата и младите.

 

„Џудото дава добра координација во просторот, добар психофизички развој на целото тело, исто така сите борбени вештини ги даваат овие услови за развој на телото“, додаде Ширкоски.

 

 

 

 

Членот на ЏК СЕИШИН, Марио Цинцароски, се занимава со џудо 8 години, вели дека го одбрал овој спорт затоа што ги сака борбените вештини. Планирал и понатаму да се занимава со овој спорт.

 

„Овој спорт го одбрав бидејќи ми се допаѓаше оваа боречка вештина како спорт. Имам освоено околу 50-тина медали, на државното првенство за кадети имав освоено второ место, на државното за јуниори имав исто имав освоено второ место, а сега во сабота ќе учествувам на еден меѓународен турнир во Грција“, потенцираше Марио Цинцароски, член на ЏК СЕИШИН.

 

И Александра Најдоска 9 години е член на клубот СЕИШИН. Вели дека ги сака боречките вештини, затоа од мали нозе се одлучила да се занимава со џудо.

 

„Имаме освоено доста медали. Лани бев трета на Балканското првенство за сениори во Скопје. А годинава бев втора исто на Балканското првенство за сениори. Имам доста признанија, медали, големи успеси и се надевам дека ќе ги имам уште повеќе“, кажа Александра Најдоска, член на ЏК СЕИШИН.

 

 

 

 

 

Ветеранот Киро Здравески вели дека џудото како спорт е одлично за психофизичкиот развој на луѓето и затоа препорачува со него да се занимаваат сите генерации.

 

„Овој спорт пред се одговара за доброто здравје, затоа што и научно е докажано дека џудото е еден од најдобрите спортови, особено за психофизичкиот развој ии кај младите и кај возрасните. Затоа и ние се приклучивме за оваа недела на спортот за да придонесеме и да кажиме дека нема граници за возраста во џудото и да му порачаме на сите оние кои сакаат да спортув–аат да се приклучат на џудото без разлика на годините. И во подоцнежните годинии не е доцна да се приклучат. Барем ќе ги научат основните падови, па како повозрасни и да се спрепнат ќе знаат како да паднат за да не се повредат“, изјави Киро Здравески, џудо ветеран.

 

 

 

 

Градоначалникот Јованоски на спортистите им вети дека секогаш ќе имале поддршката и помошта од општината.

 

„Се надевам дека со овој спорт, кој остави голем печат во нашиот град и во иднина со него ќе се занимаваат се повеќе и повеќе спортисти кои што добивале престижни награди во сите меѓународни и домашни натпреварувања“, истакна Илија Јованоскии, градоначалник на Прилеп.

 

По повод празникот „11 Октомври“ џудо клубот СЕИШИН ќе го организира и големиот меѓународен турнир во џудо „Прилеп Град Херој“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien