ВИДЕО – Манчески : Ако нашата сегашност е добра, каде се тогаш младите, зошто заминуваат во странство ?

Се наоѓаме пред најодговорниот момент во нашата држава. Момент кој не става пред предизвикот да го избереме вистинскиот пат, да го исполниме вековниот стремеж за вклучување во глобалната заедница на просперитетните народи. Шансата ни е дадена, не смееме да ја пропуштиме. Истакна на вечерашниот собир „ЗА Европска Македонија“, деканот на Економскиот факултет во Прилеп, Ѓорѓи Манчески.

 

 

 

 

„Ако нашата сегашност е добра, да се запрашаме каде се младите? Каде се нашите деца, каде ќе бидат нашите внуци? Две од моите деца веќе заминаа, заминаа многу нивни другари и многу родители останаа без сопствените деца. За прв пат решив јавно да признаам, многу ми недостасуваат. Во тоа чувство не сум осамен, сигурен сум дека многу од вас го чувствуваат истото. Децата ја видоа Европа, ја видоа шансата, ја видоа перспективата. Младите се запишуваат на факултетите и заминуваат во Европа на студентска пракса и се обидуваат да не се вратат, се обидуваат да останат и тоа им успева. Засекогаш ја напуштаат нашата земја, не размислувајќи воопшто за враќање назад Зарем тоа го сакаме? Дали е тоа нашата иднина? Дали сакаме да останеме засекогаш изолирани? Зарем тоа е тоа што сакаме да им го оставиме на нашите деца? “, кажа Манчески.

 

Манчески рече дела бил на многу европски и светски универзитети кои имаат врвни услуги и услови за изведување на наставата и врвни научни достигнувања. Токму такво образование требало да има и кај нас.

 

„Квалитетно образовани граѓани подразбира квалитет во сите сегменти на државата. Перспектива за државата, перспектива на граѓаните. Ајде да гласаме ЗА и да создадеме еднакви услови и подобри можности за образование на нашите деца, за добробит на нашата земја“, додаде Манчески.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи