И покрај ладното време, голем број прилепчани излегоа со своите велосипеди и учествуваа на 52. Критична маса, поставувајќи го прашањето каде се велосипедските патеки во градот.
Во последниот период сведоци сме на интензивно асвалтирање на повеќе улици низ градот, но како и досега, воопшто не се води сметка за велосипедистите и пешаците. Се санираат само коловозите, додека велосипедските и пешачките патеки се чини се заборавени.
Најголемите проблеми се сè уште тука. Нелегално паркирање, недостиг од активен транспорт, недостиг од специјалeн простор за јавен превоз, велосипеди и пешаци, град заробеник на автомобилите. Недовршени велосипедски и пешачки патеки, метеж, непристапност, бучава, хаос, жртви во сообраќајот. Неквалитетна средина за живеење.
Жителите на Прилеп кои се движат пеш, кои возат точаци, кои се со бебешки колички, кои се во инвалидски колички, сите ја делат истата потреба – потребата да се движат слободно и без ограничувања.
Не може, не треба и не смее во 21-ви век пешакот и велосипедистот да бидат на последно место во сообраќајот.