ВИДЕО – Ристески : Во неделата победи народот, не партиите, тие што се закануваа и уценуваа сите ќе одговараат

Почитувани граѓани на Општина Прилеп, почитувани горди Македонци!! Во неделата на 30 септември победивте вие! Ни една партија не е помудра, поорганизирана, похрабра, посамоуверена и национално осознаена од народот, од народот Македонски! Истакна на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Тие што денес се со наведната глава, некои ги нарекуваа поддржувачи на квинслинзите, современите фашисти, ве уценуваа, ви се закануваа повеќе од една година.

 

Дел од вас потклекнаа, уплашени за работното место, за бизнисот, за функцијата, дел поверуваа дека кукавичкиот договор е добар, но почитувани сограѓани, бидете убедени, сите ќе одговараат! До еден, сите од нив.

 

Кој за телефонски закани и уцени, кој за злоупотреба на службени средства, кој за лична закана на работно место. Снимките, аудио, видео, сликите и снимки од членови на ОУ, директори на ЈП, здравствени установи, ќе им тежат цел живот… правдата ќе ги стигне!

 

За жал актуелната власт во изминатиов период успеа како никогаш порано да го подели македонскиот народ. За жал, на 30 септември доживеавме крајно недемократски ден, преполн со насилие.

 

Она што сакам да го порачам до сите политичари во Прилеп е ваков ден повеќе да не се повтори. На 30 септември 2018, Македонија победи!“, истакна претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи