ВИДЕО – Во Македонија не се почитуваат доволно правата на децата

Во Македонија можам да кажам дека не се почитуваат доволно човечките права, па камоли детските права, така што со спроведување на мерките кои што ги реализираат Министерството за труд и социјала и Министерството за образование се надеваме на напредок во врска со почитувањето на детските права. Ова денеска го констатираше Александра Северкоска Стојаноски извршен директор на Детската Амбасада „За сите деца во светот“ по повод Светската недела на детето.

 

 

 

 

За оваа пригода членовите на Детската Амбасада „За сите деца во светот“ денеска беа гости во градинката „Рампо Левката“ каде се одржаа активности во насока на тоа кои се правата на децата. На листови од хартија беа напишани овие права, а со симболичното пуштање на балоните во воздухот децата порачаа сите во општеството да ги почитуваат нивните права.

 

„Можам да кажам дека во соработка со УНИЦЕФ, Детската амбасада ќе спроведе една активност каде ќе се преземаат мерки, особено во прекршувањето на детските права, односно поконкретно за насилствата во училиштата, во образовните институции, како што беше пример пред некој ден како што знаеме во училиштето. Не дека нема да се случи повторно, меѓутоа треба да се преземат мерки за нивно сузбивање. Можам да кажам дека и проблемот за прекршувањето на детските права е и во семејствата. Треба коренита промена на реагирање и во семејствата и во институции, односно во училиштата. Кршење на правата имаме секојдневно, не само во училиштето. Можам да кажам дека проблемот потекнува дури и од семејството. Поконкретно од најмала возраст треба да се преземаат мерки за да не дојде до појава на девијантно однесување, како што беше тоа пример. Најчест проблем е прекршувањето на правото во дискриминацијата на децата со посебни потреби. Иако е наметната инклузијата, за жал не се спроведува на највисоко ниво“, истакна Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на Детската Амбасада „За сите деца во светот“.

 

Денешната активност со најмалите Детската Амбасада „За сите деца во светот“ ја спроведе заедно со нивниот пријател Медика Десоски, лабораторија и општа амбуланта, каде нивните штитеници секогаш имаат можност да отидат и бесплатно да ги користат нивните услуги.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи