На 11 октомври во Прилеп ќе започне фестивалот кој што е насловен „Со Марко на улица“, во организација на Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп. чија што идеа пак е реактулизација на одредени лица и настани поврзани со Прилеп, а во случајов станува збор за ликот на легендарниот Марко Цепенков. Околу овој фестивал поразговаравме со неговиот идеен творец, Звонко Димоски, којшто исто така пак е и креатор и на иницијативата, којашто културно го раздрма Прилеп, а тоа е Јавен простор Прилеп.
Ви благодарам за интересот и за поддршката која што ни ја дававте цело лето, како и за вашата желба на наше взаемно задоволство да бидете едни од нашите медиумски покровители на престојниот фестивал. Како што нагласи, летото беше многу активно со иницијативата која што ја покренавме со неколку млади луѓе во градов, со идеа да го промениме градот, или како што некогаш викаме да си го вратиме градот во она светло што го паметиме кога ние бевме тинејџери.
Јавниот простор и го заокружи својот летен циклус, но граѓаните нека не се грижат, ние планираме нови изненадувања. Јавниот простор ќе продолжи, Јавниот простор ќе расте и ќе се потрудиме Јавниот простор да остане атрактивен, бесплатен за граѓаните и да ги вклучува сите општествени, социјални и возрасни групи. И таа позитивна енергија, креативна енергија која што ја создадовме во градов, проведувајќи многу креативни луѓе, не смее да престане и ние како иницијатива ветуваме дека нема да се случи. Дел од тие луѓе секако ќе бидат дел и од фестивалот, кој што е приоритет на нашиов разговор, односно фестивалот „Со Марко на улица“.
Размислувајќи за фестивал во градот, почнавме да размислуваме на идејата дека на градот му недостига реална урбана слика на живеење, бидејќи поголемиот дел од градот и од државата имаат таква форма. Но не сакавме да се заокружиме на обичен аутдор фестивал со бендови, храна и пијалоци, туку баравме некоја друга форма. Дојдовме на идеја дека градот кој што имал реално влијание на културолошките текови на државата после Втората Светска војна, мора да понуди нешто што повторно ќе биде атрактивно, иновативно и кое што има реална шанса во иднина да има влијание на целокупното културно живеење во државата.
Го зедовте ликот на Марко Цепенков. Идејата на целиот фестивал е да се реактуелизираат одредени лица и настани. Зошто прв Марко Цепенков?
Точно така, идејата е да се реактуелизираат лица или настани. Сметаме дека реактуелизацијата обезбедува континуитет, траење понатамошно на тие лица или на целото културно народно наследство на една држава. Изборот на Марко Цепенков во случајов на нашиот фестивал, како инспиративна тематска единица се појави како логичен и неизбежен. Тоа е човек кој апсолутно заслужува да биде трајно врежан во нашето сеќавање, но формата на која што Марко е претставуван во учебниците, во народните приказни, во фантазиите на децата е многу застарена, архаична, односно помладата популација воопшто не го доживува како некој којшто бил иновативен и модерен во своето време, а ние сакаме да докажеме дека истото важи и сега. И тоа планираме да го направиме користејќи современи уметнички текови, современа технологија, да направиме некој вид на субверзивно читање на целото негово народно творештво, субверзивно значи да прочитаме што стои зад текстот, а не самиот текст, и сите тие мисли, дела кои што ние ќе ги извлечеме и ќе заклучиме дека можат да бидат актуелни, ќе ги преставиме во современа форма преку 3Д мапинг, дигитални визуелизации, работилници за деца, слем вечери, преку создавање на сликани површини таканаречени мурали, кои делумно исто како да се сработени во 3Д техника.
Се очекува Прилеп во тие 3 дена да има еден вистински спектакл, започнувајќи со самото необично отворање на фестивалот, тука пред самиот Дом на култура Марко Цепенков.
Точно така, отворањето на фестивалот е на 11 октомври во 19 и 45 часот. Го отвораме фестивалот пред Домот на култура Марко Цепенков, со таканаречена огнена претстава. Ќе ни гостува една фантастична огнена група и го спремаат нивниот перформанс специјално за нашиот фестивал и можеби тука треба да нагласиме дека поголемиот дел од работите кои што граѓаните ќе имаат можност да ги проследат во текот на фестивалот се продукција на самиот фестивал, односно претходно со сите артисти е разговарано и е извршено народски кажано еден вид на нарачка, што треба да се сработи за да можеме да ја оствариме нашата цел, односно да го реактуелизираме Марко Цепенков, односно да го преставиме како урбан херој на денешното живеење.
Освен големиот број на уметнички перформанси, тука секако е и забавата и концертите. Кој се ќе настапи за овие три дена?
Музичката програма е многу богата. Таа опфаќа и дневни музички содржини, а секој фестивалски ден ќе завршува со голем фестивалски концерт. Во текот на денот ги покануваме граѓаните на концерти со неколку диџеи, ќе настапи Васко Бојаџиски, многу познат македонски џезер, исто така во диџејска придружба. Ќе имаме концерт на класична музика, но кој што не е очигледен и треба да се посети. Концертот е наречен „Ако попот беше класика“, значи тука се крие некакво изненадување во овој концерт.
Вечерните настапи мислам дека ќе ги задоволат сите вкусови, иако се трудевме да имаме некоја избалансирана форма на меѓуформи, поради идејата на фестивалот. Првиот ден настапува Chromatic Point, вториот ден се групата Каин и како завршен фестивалски настан повторно подготвуваме еден голем спектакл, со диџеите од Room 313 и нивните гости. Нивниот настап ќе биде поддржан со многу атрактивни визуелизации и со фрлачи на оган и со едно дополнително изненадување, коешто во овој момент не би сакал да го откријам, едноставно ќе треба да се доживее на самото затворање на фестивалот.
Тука го спомнавте и цртањето на муралите на ѕидовите околу Центарот за современа ликовна уметност и една доста интересна работа, а тоа е боди-пејнтингот.
Мислам дека боди-пејнтингот веројатно ќе биде една од работилниците кои ќе предизвикаат многу големо влијание и секако дека и таа е инспирирана од творештвото или собирачката дејност на Марко Цепенков. Боди-пејнтингот влегува во еден циклус како дел од програмата, што ние го нарековме работно-женски наративи, што значи женските ликови многу често ќе се провлекуваат низ тематските содржини. Работилницата ќе биде затворена, затоа што тој процес е многу долг и моделот не може да биде постојано изложен, ниту пред јавност, ниту надвор. Ќе вршиме повремени вклучувања во живо од работилницата, но самата работилница ќе биде отворена во 20 часот, кога уметникот и моделот, односно резултатот, ќе станат дел од една затворена студиска забава. Музичката поддршка ја работат двајца талентирани момци, проектот се нарекува Барум Барум. Значи тоа студио за боди-пејнтинг вечерта се претвора во една голема, а сепак интимна забава.
Ова е само мал дел од сето она што ќе се случува во Прилеп од 11 до 13 октомври. Посетителите ќе можат да видат многу повеќе доколку бидат дел од овој фестивал.