Аматерскиот театар „Пучка сцена“ од општина Херцеговац, Р. Хрватска, се претстави пред прилепската публика со комедијата „Куќа за рушење“. Ова е нивно прво гостување во Прилеп, по покана на училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“.
Претходно во февруари училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ беше гостин на нивниот фестивал „Дани хрватског пучког театра“. Од „Чин 4 Сцена 5“ велат дека овие соработки кои ги остваруваат со аматерските театри надвор од Македонија придонесуваат за размена на искуства и подигнување на аматерскиот театар на едно повисоко нив.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЦЕЛАТА ПРЕТСТАВА „КУЌА ЗА РУШЕЊЕ“ ОД АМАТЕРСКИОТ ТЕАТАР „ПУЧКА СЦЕНА“
ИЗЈАВИ ОД САША НАЦЕВСКИ И ЗРИНКА ЦВИТОЈЕВИЌ ЗА ГОСТУВАЊЕТО НА АМАТЕРСКИОТ ТЕАТАР „ПУЧКА СЦЕНА“