Mултимедијалниот концертен перформанс „СОНУВАЊА ЗА ЗАБОРАВЕНОТО“, поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија, e проект кој ќе се случи во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“ 2018 година. Перформансот ќе се одржи на 15 октомври 2018г. во 20h во кино Мис Стон – Прилеп, а е базиран врз комбинација на повеќе музички стилови, во кои доминира изведба на класична „западна“ музика од 17 и 18 век, кон која како еден можен контрапункт ќе бидат вклучени нејзините источни „паралели“, потипични за поднебјето кое не’ oпкружува, а тоа се традиционални стилови на пеење (изворно, византиско пеење). Целата слика ќе биде надополнета и збогатена со визуелен перформанс.
Учесници:
Aна Митоска Стојаноска – сопран
Верица Шотаровска – пијано
Катерина Попоска – мецосопран
Бојана Артиновска – Трпческа – визуелен перформанс
Гоце Секулоски – труба, вокал (изворни и византиски напеви)
Денис Најдоски – пијано, вокал (исон – изворни и византиски напеви)
Димитар Ѓорѓиевски – режисер
Милан Секулоски – наратор, актер
Томе Темелкоски, Саша Нацевски – техничка и визуелна реализација