На 13.10.2018 во Рим Италија ќе се одржи професионален боксерски спектакл, во организација на Поенокс тим. На овој настан ќе настапат нашите професионални боксери Денис Муаремовски и Јове Петровски со менаџерот Дарко Чатлески.
„Овие борби ни се за отскок во светската професионална боксерска ранг листа. Со тоа што на Денис оваа му е 4-та профи бокс борба и ако победи против искусниот Марко Колацеци од Италија на домашен терен во 6 рунди рангот на Денис ќе оди на многу добро ниво. А што се однесува на нашиот дебитант во профи рингот Јове Петровски, тој ќе боксува исто против италијанскиот дебитант Давиде Тибери во 6 рунди. Се разбира дека доколку победиме на овој настан ќе се крени рангот на нашите боксери. Нашите боксери се во одлична форма и се надеваме дека ќе направиме добар резултат“, истакна менаџерот Дарко Чатлески.