На 13.10.2018 во Рим Италија се одржа професионален боксерски спектакл, Во организација на Поенокс тим. На овој настан настапија нашите професионални боксери Денис Муаремовски против Марко Колачеци 6 рунди и дебитантот Јове Петровски против Давиде Тибери 6 рунди. Нашите боксери беа предводени од Дарко Чатлески а припремите ги водеше тренерот Златко Мурџевски.
„Нашите боксери настапија самоуверено и прикажаја одлични борби при што домашните боксери боксуваја со резерва поради опасноста од несакан пораз со прекин. Јове Петровски боксуваше скоро сите рунди убедливо и поради стара повреда во пределот на ребрата мораше да се откажи мечот на почетокот од шестата рунда. Денис Муаремовски боксоваше самоуверено и стабилно. Во третата рунда задеде јако предно кроше на Марко и серија удари по што од четвртата рунда се смени тактиката на Марко. Со кружење и избегнување на борба до шестата рунда од страна на италијанскиот боксер судиите донесоа поделена одлука во корист на Марко Колачеци. Во мојата менаџерска кариера за прв пат видов прави професионални боксерски мечеви од страна на нашите боксери во странство. Добив неколку понуди во Европа за оваа година и ќе се одлучи за брзо на кои профи мечеви ќе настапат нашите боксери. План ни е и да организираме еден професионален боксерски спектакл во Македонија, но за тоа ќе ни треба поголема финансиска поддршка“, истакна тренерот Дарко Чатлески.