Викендов во Крушево во организација на клубот за екстремни спортови SKYRIDERS од Прилеп се одржа Државното првенство на Македонија во параглајдерство, дисциплина прецизно слетување, кое воедно беше и голем меѓународен натпревар од Европскиот куп 2018. Натпреварот е насловен како PRILEP OPEN 2018.
Во конкуренција на Европскиот куп 2018 1 место освои Борјан Јованоски, а 2 место неговиот брат Мартин Јованоски, а 3 место Матијаж Слуга од Словенија.
Во категоријата државно првенство на Македонија 1 место беше Борјан Јованоски, 2 место Мартин Јованоски и 3 место нивниот татко, ветеранот Миле Јованоски.
149