Коѕијас поднесе оставка, Ципрас ја прифати

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас денеска поднесе оставка на функцијата, пренесува Катимерини. Според весникот таквиот потег следувал по вчерашниот тензичен состанок меѓу него, премиерот Ципрас и министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, а во врска со Преспанскиот договор.

 

Неофицијално Коѕијас не бил задоволен од скромната поддршка што за време на состанокот ја добил од премиерот Ципрас, а додека кон него биле упатувани напади и критики од Каменос, којшто е помал коалициски партнер во грчката Влада.

 

„Доаѓаат моменти кога треба да решиш со кого одиш, а кого го напушташ“, напиша Коѕијас по поднесувањето на оставката.

 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прифатил неговата оставка, заблагодарувајќи му се за неговиот придонес во водењето на надвошената политика на Грција во изминатите три  и пол годони.

 

„Министерството за надворшени работи ќе го преземе премиерот со цел да помогне во напорите за успешно завршување на Договорот од Преспа“, се наведува во официјалното соопштение од грчката влада.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи