Србија губи милијарда евра годишно поради иселување на високообразовани лица

Facebook
Twitter
Email
Print

Од Србија во текот на годината се иселуваат од 30 илјади до 60 илјади луѓе, од кои четвртина се со високо образование, пишува „Политика“.

 

Весникот додава дека се проценува дека завршен дипломец Србија ја чини околу 100 илјади евра.

 

„Политика“ истакнува дека во Србија уште никој прецизно не направил проценка колку се издвојува во Србија за да се одгледа и образува дете од основно и средно училиште до дипломирање на факултет, како што е тоа во случајот со САД и уште неколку земји на Запад.

 

Професорот на Филозофскиот факултет на Белград, Александар Баупал, наведува весникот, ја изнесува својата пресметка дека само за образование на студент до дипломирање, кој се образува на трошок на државата, потребни се од 30 илјади до 35 илјади евра. Тој вели дека е реална претпоставката на економистот и професор Владимир Гречиќ дека семејство издвојува за дете 30 отсто од приходите, што во српскиот случај е месечна сума од 210 евра.

 

Кога овие 210 евра ќе се помножат со 12 месеци, а потоа со 25 години (до завршување на факултет) се доаѓа до износ од околу 60 илјади евра, колку што семејство вкупно вложува во својот најмлад член, наведува весникот.

 

Ако на ова се додадат давачките за државата и локалната самоуправа доаѓаме до податок дека еден завршен дипломец во Србија чини околу 100 илјади евра, пишува „Политика“.

 

Американците пресметале дека трошоците за образование на дете до крајот на студиите може да достигне и до 200 илјади долари. Кога српски дипломец ќе се отсели на Запад тогаш богатата држава добила стручно лице со своите минимални трошоци, додека сиромашната Србија е и во финансиски и во кадровски минус, наведува весникот.

 

Колку е тоа вкупно, во пари губиток, тешко е да се пресмета, но ако од Србија во текот на една година се иселуваат од 30 до 60 илјади лица од кои четвртина високо образовани тоа значи дека годишно само од иселување на високообразовни Србија губи милијарда евра, пишува „Политика“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи