ВИДЕО – Од 20 и 21 октомври во Прилеп по 18-ти пат ќе се одржи меѓународниот музички детски фестивал „Ѕвездички“

Овој викенд, на 20 и 21 октомври во Прилеп по 18-ти пат ќе се одржи меѓународниот музички детски фестивал „Ѕвездички“. Покровител на фестивалот е Општина Прилеп. Учесниците се до 14 годишна возраст, а земјите од кои доаѓаат се: Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Унгарија, Литванија, Русија, Украина, Казахстан и Македонија.

 

 

„По 18-ти пат Ѕвездичките од целиот свет повторно доаѓаат во Прилеп. Задоволство ни е што го имаме јубилејот, прв после големиот јубелеј  10 годишнината, фестивалот оваа година слави полнолетие. Стануваме поозбилни и се надеваме дека сите малку поозбилно во иднина ќе не третираат. И една генерална проба пред големиот јубилеј 20 годишнината, која многу брзо ќе дојде. Како и секогаш ѕвездичките ни донесуваат преубави песни, песни на разни јазици, јазици од целиот свет и како и секогаш се надеваме дека ќе успееме да ја постигнеме целта. Ѕвездичките од целиот свет, од разни земји, кои што зборуваат на разни јазици, да научат дека тие се сепак деца без разлика на кој јазик зборуваат, на која вера припаѓаат, на која националност припаѓаат, дека се тие сепак деца и за нив постои еден универзален јазик, а тоа е музиката. Се надеваме дека ѕвездичките уште 100 години најмалку ќе ја исполнуваат таа цел. Оваа година имаме 17 учесници, од 10 земји“, изјави Марјан Катароски, директор на фестивалот „Ѕвездички“.

 

Денеска во големата собраниска сала на Општина Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски организираше прием за сите нив, посакувајќи им пријатен престој во градот и земјава.

 

„Се викам Бојана Стефановиќ, имам 10 години и доаѓам од Србија, од Нови Сад. Ќе се претставам со песната “Сакам да љубам“, а песната зборува за љубовта и тоа како треба да им се помага на сите“, вели Стефановиќ, учесник од Србија.

 

„Јас сум Јулија Канифатова и доаѓам од Русија. Дојдов тука да пеам и многу сакам да пеам, а исто така сакам да запознам многу пријатели од целиот свет“, рече учесничката од Русија.

 

„Доаѓам од Русија. Мојата песна се вика “Среќен ден“ и на присутните ќе им подарам ленти кои се симбол на мојата земја Русија“, кажа учесничката од Русија.

 

„Се викам Ајпара Шакиева, доаѓам од Казакстан. Се чувствувам многу убаво, долго се подготвував за доаѓањето тука, снимив нова песна со која ќе се претставам на фестивалот. Мојата песна се вика “Јас сум среќно дете“, пеам од моите 5 години, а веќе имам 11“, вели учесничката од Казакстан.

 

Годинава Прилеп по 18 пат е домаќин и покровител Меѓународниот детски музички фестивал Ѕвездички.

 

2Секогаш Општина Прилеп ја поддржува оваа голема музичка манифестација на млади музички ѕвезди, кои што 17 години наназад се одржува во Прилеп. И оваа година ќе имаме 17 учесници од повеќе земји од Европа и тоа од нашите соседни земји од поранешна Југославија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, понатаму од Унгарија, Литванија, Русија и Казахстан. Мислам дека ќе уживаат овие неколку дена, поточно на 20 и 21 октомври, кога ќе се одржи овој меѓународен музички фестивал. Сакам сите учесници да уживаат во овој настан, да се натпреваруваат и да победи најдобрата музичка ѕвезда и се надевам во иднина некои ќе станат вистински музички ѕвезди. Општина Прилеп и досега ги поддржувала младите уметници, младите пејачи, младите спортисти, така и сега, и овој пат, и секогаш Општина Прилеп и јас како градоначалник лично ќе ги поддржувам сите манифестации,  посебно за најмладите од нас“, рече градоначалникот Илија Јованоски.

 

Основна цел на фестивалот е да создаде пријателски врски помеѓу децата од различни етнички и верски средини и да ги стави во пракса принципите за заедничко живеење, меѓусебна толеранција и разбирање, како и надминување на културните разлики помеѓу децата од целиот свет.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи