Совреме(н) – нова изложба на ДЛУП

Во петок, 19 октомври, во 18 часот, во Депото на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата ДЛУП Совреме(н). Станува збор за групна изложба на дванаесет уметници – членови на Друштвото на ликовни уметници Прилеп ДЛУП (Христина Мазнеска, Ивана Секулоска, Методија Јорданоски, Василка Боцеска, Дарко Талески, Зоран Кочоски, Павлина Илијеска, Викторија Димеска, Владимир Здравески, Елена Димоска, Давид Атанасоски и Јасмина Руневска Тодоровска), Мо Марија уметница од Бејрут и уметницата Габриела Мулер од Португалија која живее и работи во Берлин.

 

Акцентот на оваа групна изложба е ставен на дигиталната уметност, односно, најзастапени форми се видеото и фотографијата, но исто така ќе има и објекти во простор и звучни инсталации.

 

„Идејата на оваа изложба е да ги промовира прилепските уметници кои што работат во различни техники и форми, а во исто време и да ги поместиме очекувањата на прилепската публика, која за жал сѐ уште е навикната да посетува покласични и традиционални изложби“, вели Јасмина Руневска Тодоровска, претседател на ДЛУП.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи