Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација покажа дека годините никогаш нема да го спречат да постигнува атрактивни голови.
Синоќа се одигра 32 коло од американската МЛС лига, а во него Ди Си Јунајтед на домашен терен го совлада Торонто со резултат 1:0, токму со прекрасниот гол на Руни од слободен удар од 30-тина метри.
Изреката „Формата е минлива, класата е вечна“ звучи како да е измислена токму за играчите како Вејн Руни.