Путин: Светот е пред нова трка во вооружување – Европа повторно ќе биде мета

Facebook
Twitter
Email
Print

Американското повлекување од спогодбата за нуклеарно разоружување ќе доведе до трка во вооружувањето и до исклучително опасна ситуација, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

 

„Доколку таквите договори се раскинуваат, тогаш не останува ништо во поглед на ограничувањето во наоружувањето. Ситуацијата ќе биде многу опасна. Нема да остане ништо освен трка во наоружување“, изјави Путин.

 

Тој предупреди дека европските земји кои ќе дозволат на своја територија распоредување американски ракети мора да сфатат дека постои можна закана од некаков одговор и оти руските ракети ќе бидат вперани кон нив.

 

Путин изрази надеж дека за ова прашање ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп на 11 ноември во Париз на комеморацијата по повод 100 годишнината од крајот на Првата светска војна.

 

Трамп неодамна изјави дека САД ќе се повлечат од договорот за нуклеарно разоружување кој пред 30 години, во советското време, го потпишаа Вашингтон и Москва. Договорот за нуклеарните сили од среден дострел од времето на Студената војна забранува цела серија на оружја – крстосувачки ракети лансирани од земја со дострел од 500 до 5.500 километри.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи