По повод 28 Октомври Светскиот ден на Џудо Спортот и роденденот на основачот на џудото, Џигоро Кано, денес во Скопје се одржа свечено одбележување на истиот. На овој настан покрај претставниците на телата и органите на ЏФМ присуствуваа околу 200 џудисти од клубовите од Македонија, претставници од Агенција за млади и спорт, Македонскиот Олимписки Комитет, Министерот за образование, посебниот советник за спорт во кабинетот на Претседателот на Владата на РМ, како и претставници на неколку амбасади во РМ меѓу кои Амбасадорите на Русија и Јапонија во РМ.
На овој настан џудистите ги презентираа своите вештини пред присутните, а особен интерес предизвика презентацијата на Џудо Катата, Наге Но Ката, од страна на ветераните од ЏК „Сеишин“ од Прилеп, Киро Здравески и Маке Спиркоски.
ЏФМ додели плакети, признанија, дипломи и благодарници за учество и посебен придонес во џудо спортот на поголем број правни, физички лица како и спортски работници.
Prezentacija na NAGE NO KATA od strana na veteranite na klubot Seishin. Vaka se prezentiraat I dokazuvaat tehnikite I principite na judo sportot. Ova pretstavuva primer za site generacii!!! CESTITKI.
Posted by Judo Club Seishin on Sunday, October 28, 2018