Стотици нови Масерати и Фиат автомобили изгореа во огромен пожар во Италија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во пожарот кој во вторникот избувна во пристанишниот град Савони на северозападот на Италија изгореа повеќе стотици луксузни автомобили.

Како што јавуваат локалните медиуми, пожарот во пристаништето избил во вторникот во околу 3:30 часот наутро и зафатил стотици нови возила меѓу кои одреден број скапи модели на Масерати, наменети за извоз на Блискиот Исток.

 

 

На пожарот му претходела бура поради која пораснало нивото на морето во пристаништето, па паркингот бил поплавен.

 

Акумулаторите во некои возила поради изложеност на морска вода експлодирале, а поради силниот ветар пожарот брзо се раширил.

 

Италијанските медиуми јавуваат дека меѓу изгорените автомобили има најмногу модели на Масерати, но и голем број примероци на фиат 500Л, кој се произведува во Србија

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи