Хрватскиот хидрографски институт (ХХИ) измерил рекордно високи бранови во Ровињ, Сплит, Плоче и Дубровник, но сепак највисоките се забележани во Дубровник, со висина од над девет метри.
Највисокиот бран бил измерен кај Дубровник во близина на островот Св. Андрија, а неговата висина изнесувала 9,03 метри, пренесе агенцијата „Хина“.
Во акваториумот Ровињ пак висината на брановите достигнала осум метри.
„Собраните и обработени податоци ќе помогнaт да се зголеми безбедноста при пловидбата во наведените подрачја, посебно при издавањето на безбедносни предупредувања“, се наведува во соопштението на Хрватскиот хидрографски институт.
119