Романецот Самуел Станичи кој купил половен креденец од популарен онлајн сајт пронашол во него 95.000 евра и веднаш ги вратил парите.
Неговата сопруга Адела Саничи за „АП“ изјавила дека нејзиниот сопруг, кој инаку е градежен работник, ја повикал во собата и и рекол: „Погледни што најдов“, покажувајќи и банкноти од 500 евра во металната кутија.
Според нејзините зборови, заедно ги изброиле парите, не можеле да спијат цела вечер и помислиле дека станува збор за некоја замка и дека мора да ги вратат парите.
Нејзиниот сопруг отпатувал во градот каде што живеел сопственикот, кој му рекол дека креденецот му припаѓал на неговиот неодамна починат татко.
Станичи рекла дека сопственикот не знаел за парите и оти ги наградил поради чесноста не прецизирајќи колку пари им дал.