Миле Јанакиески и Кирил Божиновски планирале бегство на ист начин како и Никола Груевски и поради овие причини СЈО побарало мерка притвор. Ова денес на судењето за „Титаник“ го истакна специјалната обвинителка Лиле Стефанова.
“Судот за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски доцна синоќа донесе решение со кое ги уважи нашите предлози место досегашните мерки одземање патни исправи и јавување во судот, да им определи мерки притвор. Вчера добивме информации дека не само што Груевски се даде во бегство, туку за бегство се спремаа на ист начин како и обвинетиот Никола Груевски и обвинетите Јанакиески и Божиновски”, рече обвинителката.
Бидејќи Груевски е во бегство, а постојат важни причини да му се суди иако е избеган, таа побара од Судот на Никола Груевски да му се суди во отсуство.
Одбраната на Груевски пак, се противи на предлогот. Бараат да се заврши процедурата со екстрадиција, па потоа судот да одлучи, во спротивно на обвинетиот ќе му бидат скршени правата.