Италијанската полиција конфискувала осум луксузни вили на мафијата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Италијанската полиција  соопшти дека конфискувала осум луксузни вили во Рим, кои биле во сопственост на италијанската мафија. Според нивните информации, вилите нелегално биле градени од припадници на наводно мафијашки клан во Рим.

 

Градоначалничката на Рим, Вирџинија Рeџи, која ја следеше операцијата против членовите на организираната банда Казамоник, рече дека вилите ќе бидат уништени до крајот на годината.

 

„Денес е историски ден за Рим и Римјаните”, изјави Рeџи, член на ‘Движењето пет ѕвезди’, кое беше под критика дека не прави повеќе за да го расчисти градот.

 

„Ние ја прекинуваме повеќегодишната нелегална градба и испраќаме силна порака до кланот Казамоник”, рече таа.

 

Казамоника со години делуваше во сенка, пишуваат тамошните медиуми и додаваат дека го привлекле вниманието на јавноста со луксузниот погреб на еден од нивните блиски во 2015 година.

 

Во полициската акција утрово учествувале околу 600 полицајци.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи