Малолетна девојка од Јужен Судан продадена на аукција преку Фејсбук

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Фејсбук е под притисок откако малолетна девојка беше ставена на аукција во Јужен Судан, пишува магазинот „Тајм“. На социјалната мрежа се појавија реклами за продавање на 17-годишната девојка, минатиот месец. Пет мажи, наводно, учествувале во аукцијата, вклучувајќи владини претставници од Јужен Судан. Поведена е истрага за инцидентот и откривање на учесниците во аукцијата.

Од компанијата „Фејсбук“ за Си-Ен-Ен рекле дека објавата за аукцијата е тргната од нивниот тим на 9-ти ноември, 15 дена откако таа била објавена на социјалната мрежа. Но било предоцна, бидејќи девојката веќе била омажена за најголемиот понудувач на 3-ти ноември. Таткото за продажба на ќерката добил 500 крави, три автомобили и 10 илјади долари.

 

„Секоја форма на трговија со луѓе, било да е тоа со помош на објави, страници, реклами или групи не е дозволена на Фејсбук“, рекол портпарол на компанијата, откако профилот преку кој  е направена аукцијата бил трајно избришан.

 

Се проценува дека во оваа африканска земја 52 отсто од девојките стапуваат во брак пред да наполнат 18 години. Овој обичај е воспоставен најчесто поради сиромаштијата, недостигот на храна и политичката нестабилност, каде што младите девојки ги мажат со цел да се избегнат сексуални насилства врз нив или бидејќи семејствата не се во можност да ги издржуваат.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи