Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан, преку својот трвитер профил побара објаснување од унгарскиот премиер, Виктор Орбан, за основите врз база на кои на Никола Груевски му беше одобрен азил во Унгарија.
„Владеењето на правото е клучен принцип на земјите членки и за кандидатите за членство. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа“, напиша Хан.
Сепак, Европската комисија сѐ уште не се произнела јавно за овој случај. Што се однесува до Европскиот Парламент, само политичките партии на Зелените и на Социјалдемократите излегоа со реакции. Земјите членки на ЕУ исто така не искоментирале за случајот.