ВИДЕО – Над 200 учесници на првиот прилепски полумаратон долг 21км., победник Игор Јакимовски од Скопје

Во Прилеп се одржа првиот прилепски полумаратон долг 21км. на кој учество зедоа над 200 натпреварувачи од Македонија и околните балкански држави. Организатор на полумаратонот е атлетско рекреативниот клуб „Лотус“ од Прилеп, со поддршка на Општина Прилеп. Како дел од овој настан се одржа и рекреативна трка на 5 км. Учесниците трчаа низ улиците во Прилеп. Победник на овој полумаратон е Игор Јакимовски од Скопје. И покрај малите пропусти полумаратонот заврши во одлична атмосфера. Јакимовски ги повика сите учесници и в година да ја поддржат организацијата на полумаратонот.

 

 

„Треба сите да дадеме голем придонес да му помогнеме на организаторот да ги констатираме тие грешки кои што се јавија денес. Кои што се решливи, не е нешто страшно, но за наредната година сите ние треба да придонесеме овој настан да биде на едно ниво повисоко. Во секој случај одлиична иницијатива, ја поддржувам и наредната година сигурно ќе дојдам пак“, истакна Игор Јакимовски, победник на маратонот.

 

Организаторот на полумаратонот вети далеку подобра организација идната година и исправање на малите пропусти кои се појавија околу сообраќајот.

 

„Повеќе од 200 финишери имавме на 21 км. и 5 км. задоволни сме бидејќи таа бројка ја очекуваме и ја најавувавме. Севкупна оценка 5 минус поради тоа што имавме некоии пропусти, времето не ни одеше во прилог и слично. Но ете и со поддршка на сообраќајната единица при СОУ „Ристе Ристески Ричко“ од Прилеп со преку 50 волонтери успеавме колку толку да ги регулираме главните сообраќајници каде се движеа учесниците“, истакна Божидар Чаушоски, организатор на маратонот.

 

Најстариот учесник на оваа манифестација кој се натпреваруваше на трката на 5 км. имаше 80 години.

 

„Јас не се занимавам само со атлетика, се занимава со многу спортови, како параглајдинг, спелеологија, планинарење и сега еве трчање“, изјави Миле Герданоски, учесник на маратонот.

 

Во знак поддршка на лицата со хендикеп маратонот го извози со велосипед Васил Јанкула. Истакна дека за жал немаат никаква помош од ниту еден спонзор иако учествуваат на сите маратони и полумаратони и ја промовираат еднаквоста помеѓу сите граѓани.

 

„Благодарност упатувам до мојот тренер и мојата екипа кои ме поддржуваат. За жал немаме никакви спонзори, се си плаќаме од нашиот џеб. Планираме за наредната година да возам низ цела Македонија како поддршка на лицата со хендикеп“, вели Васил Јанкула, учесник на маратонот.

 

Полумаратоните и маратоните добиваат на се поголема популарност во Македонија.

 

„За жал Прилеп како спортски град и спортска младина која живее во овој град немавме еден ваков полумаратон и беше навистина жално, сега ја поздравуваме иницијативата на атлетскиот клуб Лотус и се надеваме дека ова ќе прерасне во традиција ии ќе трае многу години“, вели Талија Петреска, учесник од Прилеп.

 

„Јас трчам повеќе од 5 години, ќе трчам на трката од 5 км. и очекувам време од 30 минути“, кажа Илија Петрески, учесник на маратонот.

 

„Прв пат учествував на еден маратон во Скопје, сега втор пат тука и јас очекувам време од 30 минути“, рече Јована Јованоска, учесник на маратонот.

 

„Ние доаѓаме од Кавадарци од атлетскиот клуб Атлетик Меридијан Еко и учествуваме на скоро сите вакви случувања во Македонија“, изјави Мица Нумческа, учесник на маратонот.

 

„На наше задоволство сега се одржува првиот прилепски полумаратон и се надеваме на добра дружба и добра трка. Овие трки од година на година стануваат се помасовни излегуваат нови тркачи и се надеваме дека и другите градови ќе продолжат со една ваква традиција“, додаде Виктор Толески, учесник на маратонот.

 

Полека но сигурно трчањето стануваат составен дел од здравиот начин на живот на многу граѓани.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи