Фото Кино Клубот од Прилеп ве поканува на проекција на краткометражни, аматерски документарни филмови коишто не се прикажани на пошироката публика. Филмовите се изработени од млади автори од Клубот кои во изминатите години освоија бројни награди на повеќе фестивали.
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија во рамките на манифестацијата „Млади Европејци“. Целта на оваа манифестација е да се поттикне и активира независната културна сцена и да се создадат еднакви можности за сите и да се обезбеди „култура до сите и за сите и тоа со рамномерна географска застапеност на културата во сите плански региони“.
Проeкцијата ќе се оддржи на 16.12.2018 година (недела) со почеток во 18 и 30 ч во Кино “Мис Стон” – Прилеп. Влезот е слободен !